Во рамки на проектот „Еко училишта“, учениците од ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ подготвија еко – сторија во која се осврнуват на проблемот со загдување на најголемиот басен со питка вода во Европа. Со оваа сторија тие го освоија II место на конкурсот „Млади репортери“.
Сторијата на младите екологисти ја пренесуваме во целост:
„НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОЛОШКИ НЕПРИЈАТЕЛИ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“
Охридското Езеро е најголемо и најзначајно природно езеро во Македонија и веројатно од биолошки аспект најзначајниот воден екосистем во Европа. Охридското Езеро е старо околу 4 милиони години и е најстаро езеро во Европа, а спаѓа и меѓу најстарите езера во светот. За Охридското Езеро карактеристични се поголем број реликтни и ендемични организми.
Опкружено од сите страни со високи планини, езерото фасцинира со својата извонредна, природна убавина. Незаборавен впечаток на ова езеро остава и бојата на водата која од изгревот до залезот на сонцето понекогаш се менува.
Охридско Езеро
Загадувачи на езерото се самите граѓани и туристи кои во текот на годината фрлаат разни отпадоци како што се пластични шишиња, хартија и слично и покрај тоа што се поставени корпи за отпадоци. Во текот 2012 година езерото исфрли 1760 пластични шишиња, хартија, трска, окрек и други видови отпадоци, со што уште еднаш се потврди несовесноста на граѓаните и туристите кои доаѓаат во Охрид.
Отпад на брегот на езерото
Друг загадувач на езерото е каналот Студенчишта кој се наоѓа на 2км од стариот дел на градот. Самиот канал воедно има и позитивно влијание бидејќи внесува чиста вода во езерото која доаѓа од Билјанини Извори, но негативноста се одликува со пловните објекти кои се укотвени во него. Силните мотори на овие објекти испуштаат гориво и масла во водата, со што се доведува до дупло загадување.
Каналот Студенчишта
Освен претходно наведените загадувачи, тука спаѓаат и внесувањето на водата од реките Сушица, Коселска и Сатеска кои внесуваат загадени материи во езерото.
Канализационите води се исто така претставуваат проблем за градот. Од приградските населби, канализационите води кои што се загадени бидејќи не се опфатени со колектор се влеваат во езерото со што внесуваат штетни материи.
Канализациони води
За да се намали загадувањето на езерото пред се потребно е да се зголеми свеста на граѓаните за неговата важност и соодветно да се заштити бидејќи во иднина ќе биде еден од главните снабдители со питка вода. Покрај тоа потребно е да се подобри функционирањето на колекторскиот систем како и да се подобрат условите во каналот Студенчишта.