Учениците од Општинскиот електро- машински училишен центар „Св. Наум Охридски“ зедоа учество на „Образовното рандеву“ кое деновиве се одржа во Струмица.

Охридските средношколци достојно се претставија на настанот, при што еден ученик  се наптреваруваше во делот –интервју за работа, а дел од тимот млади креативци изработуваа постер , видео реклама и најдобра фотографија.

Учениците имаа можност да ги израмнат своите сили со други учесници од сите градови и во категоријата јавен говор. Во  групата беа вклучени и ученици кои беа задолжени, охридскиот штанд да биде убаво уреден и да биде примамлив за посетителите.Како резултат на тоа, охридските учесници го освоија третото место за најдобро уреден штанд.

Рандевуто се оджа во организација на Младинска асоцијација на средни стручни училишта во Македонија-МАССУМ. Оваа асоцијација официјално постои од 2006 година и има за цел да го подобри животот на младите, да ги подготви за лидерство, нивен личен напредок и поголем успех во кариерата. Главната мисија на МАССУМ е подобрување на личните вредности на учениците и нивна подготовка за светот на конкуренцијата преку лидерство, практична работа и учење.

OhridNews