На регионалниот натпревар по германски јазик , што на 10 март , се одржа во Прилеп во организација на Друштвото на наставници по германски јазик, ученикот Александар Димоски од VIII 5 одделение  од ОУ „ Григор Прличев“ го освои првото место.

Успехот на охридските училишта го надополнија учениците од  ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, кои под менторство на наставничката Марија Ставреска ги освоија второто и третото место.

Во конкуренција од 29 ученици, ученикот Игор Домазетоски го освои второто, а ученичката Аспасија Цветкоска го освои третото место. Истите ученици ќе го преставуваат ОУ Живко Чинго на државниот натпревар по германски јазик, што ќе се одржи на 24 март во Скопје. Вкупно 6 ученици кои постигнаа резултати на регионалниот натпревар по германски јазик, ќе се натпреваруваат на државниот натпревар.

OhridNews