Даниел Мојсоски ученик на виолина во класата на проф. Елица Џуклеска ја освои првата награда. Втори награди освоија хармоникашите -Петар Колоски, Филип Гаврилоски и Томислав Нестороски, сите во класа на проф. Наумче Џуклески
Пред учениците од ОМУ „Методи Патче“ се нови предизвици. Претстојат државните натпревари кои во април ќе се одржат во Скопје, на кој училиштето пријави кандидати во категориите солфеж, камерна музика, флејта, кларинет и хармоника.