Учениците од ОУ „Братство и единство“ наградени на „Компјутерот-мојот прозорец кон светот“
20.03.12 09:07
Од над 650 пријавени ликовни и литературни творби од учесници од целата држава, меѓу најуспешните 10 на конкурсот за избор на најдобри ученички ликовни и литературни творби изработени на компјутер на тема: „ Компјутерот – мојот прозорец кон светот “, беа прогласени двајца ученици од охридското ОУ „Братство Единство“. Сухејл Џелили од VI-3/9 одд. со литературната творба- Компјутери го освои четвртото место, а Семра Веселоска од IV- 8 одд. со литературната творба – Милото компјутерче, деветтото место.
Конкурсот се организираше во рамки на проектот на УСАИД за Е-пристапни основни училишта „Еднаков пристап за еднакви можности“, чиј организатор беше Здружението на граѓани „Отворете ги прозорците“ .
Наградите за најуспешните ликовни и литературни творби ќе бидат доделени на конференцијата „За Е- пристапни основни училишта “ што ќе се одржи на 28-ми март во Скопје.
Наградените творби ќе бидат објавени во печатена публикација. Сите останати учесници на конкурсот „Компјутерот – мојот прозорец кон светот“ ќе добијат благодарници.
Демографските трендови – како што се намалувањето на наталитетот, иселувањето на младите и стареењето на населението – се економска реалност што бара системски пристап и долгорочни решенија истакна...
Денес и утре Охрид станува епицентар на коктел културата За првпат годинава охриѓани и посетителите ќе може да уживаат во коктели што ги разигруваат сетилата, богата музичка програма и атмосфера шт...
Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 11:40 часот повеќе часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Никола Карев“ и на дел од Бул „Туристичка“, информираат од ЈП Водовод Охрид По...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.