Во конкуренција на 5.600 училишта и проекти, учениците од ОУ “Братство Единство” го освоија првото место.
Како награда училиштето ќе добие донација од 5.000 долари, а учениците кои учествуваа во проектот заедно со професорката ќе добијат по еден лап топ во вредност од 1.500 долари и ќе учествуваат на “ ThinkQuest Live 2012” во Сан Франциско во октомври годинава, каде што ќе го претстават својот проект за штедење енергија без вложување на големи финансиски средства.