Основното училиште „Братство Единство“ во партнерство со Извидничкиот одред „Пионер“ од Охрид успешно го реализира второто коло од училишните „Игри без граници“.

На спортскиот настан, кој се одржа во училишната спортска сала во ОУ „Братство Единство“, зедоа учество повеќе екипи со мултиетнички состав. Настанот го посетија: директорот на училиштето – Муамер Доко, дел од наставниците, родителите и учениците од училиштето „Братство Единство“.


Учениците од ОУ „Братство Единство“, низ игра се забавуваа, меѓусебно се дружеа и се натпреваруваа во различни спортски активности.


-Реализирањето на спортските активности во весела и пријатна атмосфера е уште една потврда за тоа дека училиштето „Братство Единство“ претставува пример за почитување на различностите, како и за успешна примена на мултиетничките интеграции во образованието, вели Марија Голабоска одделенски наставник во ОУ „Братство Единство“ – Охрид


Успешната соработка на ОУ „Братство Единство“ со Извидничкиот одред „Пионер“ од Охрид ќе продолжи и понатаму, со надеж дека ќе се нижат уште многу вакви успеси во иднина.

OhridNews