Со богата културна и уметничка програма која ја подготовија учениците и наставниците, денес беше одбележан патрониот празник на ОУ „Дебрца“ од село Белчишта.

На овој ден во селото Сливово во општина Дебрца е формирана Првата македонско-косовска ударна бригада.

На свечената приредба по повод патронатот присуствувше и делегација од збратименото училиште „Нури Мазари“ од струшкото село Делогожда.

OhridNews