Во склоп на наставната програма, денеска учениците од 2-ро одделение од ОУ „Григор Прличев“ ги посетија погоните на најголемиот производител на леб и печива АД „Жито леб“ Охрид.

Учениците и наставниот кадар имаа можност на лице место да се запознаат со начинот на производство на леб и пецива, да ја увидат опремата во погоните на претпријатието, како и да постават прашања во врска со производството на продуктите.

Во склоп на наставната програма за 2-ро одделение, имаме планирано содржини „од зрно пченица до леб“. Затоа денеска заедно со учениците го посетивме Жито леб, каде најмладите можеа да видат како се произведува леб, односно како од брашното се прави тесто и различни пецива.“ – велат наставниците од 2-ро одделние од ОУ „Григор Прличев“ од Охрид.

На крајот од посетата, учениците имаа можност да вкусат од производите на АД „Жито леб“ Охрид.

Им заблагодаруваме на домаќините кои не почестија со пециво за секое дете. Беше одлично, а сите заедно се стекнавме со едно ново искуство.“ – истакнаа наставниците.

Инаку, претпријатието АД „Жито леб“ Охрид повеќе од 60 години претставува бренд во пекарската индустрија на македонскиот пазар.

О.Т.