Во изминатиов период, основните училишта од Охрид зедоа учество на Конкурсот за изработка на креативни предмети и творби на тема „Македонија земја на цвеќето – земја на розите“.
ОУ „Христо Узунов“ доби специјална пофалница за групна изработка на креативно дело „Пејсаж“, изработено од најлонски кеси од страна на група ученици од VI-4 одделение. Делото е прогласено за најоригинална и најкреативна изработка на ниво на Република Македонија, а на истото работеа ученичките Софија Тренеска, Стефанија Ристеска, Јована Каланоска и Катерина Стојкоска, под менторство на одделенскиот раководител Марија Мостро.
Учениците од О.У.„Кочо Рацин“-Охрид во рамки на конкурсот беа пофалени за целокупната колекција од детски ликовни изработки, со што се стекнаа со пофалница за групна колекција од изработки на учениците. Колекцијата се работеше под менторство на нивните наставници по ликовно образование, одделенски наставници и класни раководители. Изработките беа направени од учениците од I до VIII одд.
OhridNews
ОУ „Христо Узунов“ – Охрид доби специјална пофалница за групна изработка на креативно дело „Пејсаж“, изработено од најлонски кеси од страна на група ученици од VI-4 одделение. Делото е прогласено за најоригинална и најкреативна изработка на ниво на Република Македонија, а на истото работеа ученичките Софија Тренеска, Стефанија Ристеска, Јована Каланоска и Катерина Стојкоска, под менторство на одделенскиот раководител Марија Мостро.