Во текот на вчерашниот ден во ОУ „Христо Узунов“ продолжија предавањата под мотото „Биди ѕвезда не фрлај петарди“, кои ги реализираат претставници на Одделението за превенција при СВР Охрид. Во рамки на предавањето учениците од ова училиште беа запознаени со ризиците од употреба на пиротехнички средства, особено пред и по Новогодишните празници кога пиротехниката е најзастапена.
Од училиштето велат дека ваквите предавања оставаат позитивни траги во развојот на личноста кај учениците и на ваков начин на време можат да се спречат наивните детски љубопитства кои можат да завршат со повреди.
OhridNews