Основците од ОУ „Христо Узунов“, викендов, во рамки на активностите за одбележување на празникот „Свети Климент Охридски“, ги посетија културните институции во градот, НУ „Охридско лето“, библиотеката „Григор Прличев“ и Центарот за култура.

Учениците, при посетите кои имаа едукативен карактер,  имаа можност да се запознаат со активностите и работењето на трите установи.

Како што најавуваат од „Охридско лето“, ваквите активности, кои пред се имаат за цел да ја  подигнат свеста кај учениците за културните вредности, ќе продолжат и во иднина. На предлог на директорката на оваа национална установа, Елизабета Јанкуловска, во најскоро време ќе биде организирана и изложба со дела изработени токму од основците од ова училиште.

OhridNews