Вчера во просториите на ОУ,,Св. Климент Охридски“ – Охрид, во двочасовна дружба, соработка и помагање се реализира работилницата за изработка на оригами-новогодошни елки.

Третодделенците ова училиште со инструкции од оригами мајсторот Наташа Алексиќ, изработија новогодишни украси и оригами-елки.

Инаку, работилницата се оддржа во организација на одделенските наставници Валентина Кузманоска и Виолета Илиевска.

OhridNews