Во рамките на проектот „Здрава храна за детство без маана“ кој е интегриран дел од програмата „Интеграција на еколошка едукација во македонскиот образовен систем“ деновиве во основното училиште „Кочо Рацин“ се одржа дегустација на здрави прехрамбени намирници подготвени и донесени од учениците.
-Всушност, проектот е со една основна и крајна цел-подигнување на свеста за здравата храна и нејзина секојдневна употреба. Големата соработка на сите вработени, учениците и родителите придонесе овој проект да успее, а со тоа да се пренесе првичната идеја: „Здравата храна се јаде за детство без маана но и здравата храна се јаде за живот без маана“, информираат наставниците кои биле вклучени во реализација на проектните активности.
За потребите на проектот дел од учениците од одделенска настава поткрепени со драмската секција од ова училиште, ја изведоа драмата „Црвенкапа“.
Драмата беше со своевиден изменет концепт и содржина прилагодени на проектот. Од пораките во драмата учениците се потсетија за веќе научените здрави животни навики.
OhridNews