Во рамки на одбележување на Меѓународниот ден на толеранција, 16-ти ноември, членовите од ЕКО патролата при ОУ Ванчо Николески – Лескоец, во училишниот двор засадија садници на толеранција.

Оваа акција е во рамките на еко активностите во училиштето, како дел од програмата “Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.

Садниците беа обезбедени како донација од приватна фирма, во знак на поддршка на учениците да дадат свој допринос во одбележување на овој значаен ден. Со тоа младите ученици сакаат да пратат порака за важноста од меѓусебната човечка толеранција и развивање позитивни човечки вредности.-велат од училиштето.

Учениците од ЕКО патролата од ова училиште не застануваат тука, најавуваат нови активности за подигнување на еколошката свест кај граѓаните, како и за негување меѓусебна почит и толеранција.

OhridNews