Учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески” го посетија 29 Меѓународен Саем на книгата и Денови на образование и кариера во Скопје, заедно со професорите по македонски јазик и литература Перчо Божиновски и Мирјана Зафировска.

Целта на посетата покрај афирмација на културната манифестација, беше и запознавање на вљубените во книгите со насловите и можност за одберат меѓу понудата од светски бестселери, дела од македонски автори и многу останати книги, а со тоа формирање читателска култура. Посебен интерес за учениците од четврта година беа презентациите на националните и меѓународни образовни установи за нивната професионална ориентација, како и туристичките агенции и компании.

За учениците беше организиран и културно-историски разглед низ центарот на Скопје.

OhridNews