По повод новогодишните празници, а во рамки на проектот „Да подадеме рака“, учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ ги посетија лицата згрижени во Одделението за геријатрија при охридската Општа болница.

Специјално за оваа пригода, учениците и професорите подготвија различни видови колачи, пирошки и кифли кои им ги подарија на згрижените во одделението посакувајќи им добро здравје и среќа во годината што доаѓа.

Од училиштето најавуваат дека ваквите активности ќе продолжат и во иднина.

OhridNews