Учениците кои се во завршните класови на угостителското училиште „Ванчо Питошески“ деновиве имаа можност да бидат дел од обуката за „Изработка на професионална биографија – CV и пропратно писмо“, која ја реализираше Агенцијата за вработување на Република Македонија.
-Целта на обуката беше стекнување вештини за пишување ефективна биографија (CV) како и писмо за намери со користење соодветни алатки и техники. Потоа учениците да креираат ЦВ; да идентификуваат вештини кај себе кои се битни и/или клучни за посакуваното работно место; да одлучат каков вид ЦВ треба да приложат и кога; да одлучат кои информации да ги напишат врз основа на кои ќе бидат повикани на разговор; како да напишат писмо за намери; и друго, информираат од училиштето.
Оттаму објаснуваат дека обуката била од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, а секој од учениците имал можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на истата.
OhridNews