Во рамките на проектот „Есенска рамноденица- почеток на есента“,  Секторот за урбанизам и заштита на животната средина во соработка со ОУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани организираа акција за чистење на отпадот од плажата во Пештани.

Акцијата наиде на голем интерес за учество кај учениците  и за кратко време тие го исчистија крајбрежјето во Пештани, а притоа беше собрана  поголема количина цврст отпад.

Овој проект е дел од програмата за заштита на животната средина и природата на Општина Охрид а со цел одбележување на значајни денови од екологијата и подигање на јавната свест за зачувување на животната средина.  

OhridNews