Општинското угостителско туристичко училиште “Ванчо Питошески” од Охрид, како претставник на Република Македонија на “Балканските гастро натпреври” што се одржаа во Бургас – Република Бугарија од 30 април до 04 мај 2010 година освои 5 златни и 3 сребрени медалји, во различни дисциплини.
По тој повод Општинското угостителско туристичко училиште утре на пладне организира коктел на кој ќе биде претставена целокупната екипа од ученици и наставници која зеде учество на натпреварите.











