Во ОУТУ „Ванчо Питошески“ деновиве се одржа стручно предавање на тема: „Болести на зависност – алкохолизам, никотизам и наркоманија“ во организација на „Црвен крст“ од Охрид.

Преку мултидисциплинарен пристап Мимоза Ставрева, секретар на охридскиот Црвен крст и предавачот д-р Соња Стурлакова-Димоска ги запознале учениците за овие три видови болести на зависнот.

-На пристапен начин, со користење на презентации, беа опишани начините на започнување со земање опојни средства. Исто така беа опишани и објаснети последиците од дејството на алкохолот, никотинот, опојните дроги, преминување од еден на друг вид дрога. Беа опишани разни видови дроги: марихуана, хашиш, хероин, кокаин и растенијата од кои се добиваат синтетските дроги, како и последиците од нивното користење што можат да бидат од траен карактер, информираат од училиштето.

Во рамки на предавањето била отворена и дискусија на која учениците имале можност да постават свои прашања.

 

OhridNews