Во Основното училиште „Братство Единство“, за учениците од трето до петто одделение беше спроведена обука за ракување со противпожарни апарати.

Целта е најмладите да се запознаат со основните постапки и со важноста од противпожарната заштита, како во училиштето така и во домовите.

Инаку, обуките кои ги спроведуваат екипи на Територијалната противпожарна единица, ќе се реализираат во сите основни училишта на територијата на општина Охрид.

OhridNews