Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков денеска ги прими учесниците на првата Меѓународна ликовна колонија „Лихнид – Охрид“.

Кураторката на колонијата, Славица Танеска, се заблагодари за приемот и за поддршката што Општина Охрид ја дава за реализацијата на оваа културна иницијатива, истакнувајќи го значењето на создавањето простор за меѓународна уметничка соработка и размена на искуства.
Првата Меѓународна ликовна колонија „Лихнид – Охрид“ се одржува од денес до 9 септември, во организација на Општина Охрид. На неа учествуваат 17 ликовни уметници од земјава и странство, кои во текот на престојот ќе создаваат уметнички дела инспирирани од Охрид, неговото богато културно наследство и уникатниот амбиент.

Колонијата претставува нова културна иницијатива на Општина Охрид, која има за цел да ги поврзе домашните и странските уметници, да поттикне размена на искуства и да придонесе кон создавање нови уметнички дела. Преку реализацијата на оваа меѓународна уметничка средба, Охрид дополнително ја збогатува својата културна понуда и ја потврдува својата отвореност кон уметниците и современите уметнички текови, посочуваат од Општина Охридд.
OhridNews











