Деновиве во Охрид се одвива Меѓународен акцијашки камп во организација на “Брег на младоста“-Охрид и Сојузот на акцијаши на Македонија. На кампот учествуваат 80 членови од шест балкански земји, а од Охрид 20 млади членови.

Во рамки на кампот, денес, учесниците реализираа акција за чистење на брегот на Охридското езеро на потегот од одмаралиштето „Радости“ до хотел Силекс.

OhridNews