Учесниците на Меѓународниот фолклорен фестивал „Разиграно оро“, денеска беа во посета на општина Охрид.
На средбата со претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњаноска, беше потенцирано дека општината за наредните фестивалски изданија ќе се заложи за подобрување на условите за одржување на фестивалот.
Вечерва, учесниците на фестивалот ќе имаат концерт во комплексот кај некогашната плажа „Горица 3“, а почетокот е закажан за 21 часот.
Инаку, овој меѓународен фолклорен фестивал во Охрид се одржува по осми пат, а оваа година брои над 1 000 учесници. Организатор на случувањето е ансамблот „Филиграни“ од Охрид.
OhridNews