Денеска во 16 часот и 45 минути , кај Самоиловата тврдина , свечено ќе биде пречекана групата од 50 лица со ментална попреченост кои учествуваат на традиционалната меѓународната трка . Трката започна од градот Сан Џовани Ротондо во Италија , продолжи во Хрватска, Босна и Хецеговина, Црна Гора и Албанија , попладнево ќе биде во Охрид , а утре учесниците ќе трчаат кон Каламата во Грција.
На трката учествуваат лица со посебни потреби од Австрија, Германија,Чешка, Маџарска, Полска, Романија и Украина.
Престојот во Охрид им го овозможува Локалната самоуправа , а постојано со учесниците во трката ќе бидат активисти на опшинскиот Црвен Крст.











