Спасески го истакна ставот на локалната самоуправа дека, секогаш ќе се поддржуваат културните настани кои ја збогатуваат туристичката понуда на Охрид и неговото културно живеење и меѓународната афирмација на градот. Спасески изрази надеж дека “Разиграно оро“ ќе стане традиционален и нераскинлив дел од културните збиднувања во Охрид.
Учесниците на фестивалот, ја истакнаа својата благодарност до локалната самоуправа, КУД “Филиграни“ и граѓаните на Охрид, за топлиот прием и беспрекорната организација. Гостите, во име на своите ансамбли и градови, на секретарот Спасески му врачија пригодни подароци.