Во просториите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во организација на Општина Охрид, се одржа работна средба-социјален дијалог „Учи паметно-работи стручно“. На средбата свое обраќање имаа заменик-градоначалникот Ане Крстеска и директорите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, професорот Сашо Недески и на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“, професорот Ристе Јанкоски.

Со него, нашите ученици добиваат можност да стекнат знаења и вештини кои директно ќе ги подготват за пазарот на труд, а компаниите ќе добијат млади кадри кои веднаш можат да се вклучат во работниот процес. Заедно градиме пат кон иднина во која образованието е клучот за развој и просперитет. Оваа соработка меѓу образовните институции, локалната самоуправа и стопанството е доказ дека заедно можеме да создадеме подобра иднина за младите, рече Недески.
Интересот за запишување на ученици во дуалните паралелки е се поголем од година во година истакна директорот на СОСУ „Св. Кирил и Методиј” Ристе Јанкоски, посочувајќи дека се планира зголемување на бројот на паралелки во училиштето.

Со оваа иницијатива, ние не само што им овозможуваме на учениците подобро образование, туку и ја зајакнуваме локалната економија и ја градиме заедницата врз темели на знаење, труд и соработка, посочи Крстеска.
Инаку, во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ осум години се спроведува дуалното образование. Од почетоците во 2018 година кога биле запишани 17 ученици, денес дуалните паралелки бројат 585 ученици во сите струки и профили.
OhridNews












