Националната агенција за европски образовни програми и мобилност продолжува со едукативната кампања, насочена кон доближување на Еразмус+ програмите до што поголем број нови корисници.

Кампањата, како што информираат, вклучува спроведување на обуки, информативни сесии и теренски активности низ државата од едукативен карактер, целејќи да се зголеми учеството на основните и средни училишта, како и на други јавни институции, кои ќе бидат активно вклучени во програмите Еразмус+.

Во рамки на оваа иницијатива денес беше реализирана посета на подрачното училиште OОУ „Дебарца“ во село Мешеишта и беше обезбедена конкретна институционална поддршка. Новиот директор на Националната агенција, Петар Богојески, повторно донесе одлука – како и при посетата на Кочани – средствата што се предвидени за репрезентативни трошоци (вклучувајќи храна и пијалаци) за месец мај, да се пренаменат за децата од општина Дебрца, велат од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.

Ваквата практика, додаваат, ќе продолжи и понатаму, со што месечниот буџет за репрезентативни трошоци ќе се користи за директна поддршка на ученици и образовни институции низ цела Македонија.

OhridNews