Од 23 јуни до 4 јули во Охрид ќе се одржи Училишниот спортски камп 2014 кој го организира Министерството за образование, Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на улиштен спорт.

Првата смена на спортското мени ќе ги има футсал, ракомет, борење, стрелаштво, џудо и шах. Втората смена ги има одбојка, кошарка, атлетика, пинг-понг и карате.
Освен што ќе спортуваат учесниците на Училишниот спортски камп ќе ги запознаат знаменитостите на градот Охрид и ќе имаат предавања на теми пороци во спортот.
Училишниот спортски камп за основни и средни училишта е само потврда за доброто организирање на „Гимназијадата“ која наликуваше на Олимпијада.
Мх.П.











