Во рамките на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО), а по повод Денот на турската настава во Република Македонија, десетина наставници и триесетина ученици од  ОУ „Ванчо Николески”  од Лескоец деновиве биле во посета на збратименото училиште „Мирче Ацев“ во Лисичани, општина Пласница. На свечената приредба по повод нивниот празник, учениците од Лескоец -пеачка група и оркестар на народни инструменти настапиле со една музичка точка.

Наставниците и учениците од Лексоец имале можност да се запознаат со колегите-домаќини, со  нивните наставни простории како и со наставната пракса во Лисичани, каде наставата се одвива на турски и на македонски јазик.

По завршувањето на приредбата,  домаќините од Лисичани, во чест на  гостите од  Лескоец,  подготвиле трпеза со традиционална храна, приготвени од наставниците и од родители на учениците. На свеченоста присуствувале и претставници на други училишта, а гостин бил и градоначалникот на Пласница, Исмаил Јахоски со своите соработници.

Инаку проектот за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО) преку  партнерски училишта предвидува повеќе заеднички работилници  кои  наставниците треба  да  ги  реализираат  до следната пролет.  

OhridNews

„Дим Дон“