Во дел од училиштата во општина Охрид наставата денес и во наредните два дена ќе се одвива со скратена настава, за што биле информирани и учениците.

– За оние ученици кои доаѓаат од пооддалечени места каде има поголеми наноси од снег  отсуството е оправдано и доколку не се во можност нема да им се бележат неоправдани часови, велат од ОУ Григор Прличев.

Од ОУ Христо Узунов информираат дека уште рано утрото биле исчистени приодните патеки до училиштето, како и паднатите и скршени гранки од дрвата. Наставата со скратени часови се одвивала додека немало напојување со електрична енергија, но по нормализирањето на снабдувањето со струја наставата продолжува непречено да се одвива.

Поради големите снежни наноси во прекин е наставата во училиштата во општина Дебарца.

OhridNews