Со свеченост што се одржа денеска во употреба беше пуштена спортската сала при основното училиште „Св. Наум Охридски“. Во салата која се простира на 700 метри квадратни општината вложи 8 милиони денари.

Ова е единствена спортска сала на просторот од Охрид до Св, Наум и според мене ова е капитална инвестиција каква што бараат граѓаните, изјави градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, по свеченото отворање на спортската сала во Пештани на кое присуствуваше и  претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Градоначалникот на Охрид од Пештани ја искритикува централната власт, која како што рече, го држи Охрид под своевидно ембарго, не работи ниту една од големите фабрики, иако постојат идеални услови за нивно рестартирање или преструктуирање.

-Во Охрид има идеална индустриска зона, подготвена со комплетна инфраструктура и хали. Наместо полињата во штипско, скопско и битолско да ги поретвораат во некои нови индустриски зони и да трошат пари, во Охрид во фабриките кои не работат како ЕМО, Езерка, Застава, Отекс и другите има комплетно изградена индустриска зона, само треба еднаш да се свестат, да заврши политичкото и економското ембарго во општина Охрид, а секако доколку не се свестат сами, ќе треба ние да ги свестиме, изјави Петрески.

OhridNews