За удар од белата точка дојдоа првите искри помеѓу ѕвездите во Пари Сен Жермен, Едисон Кавани и Бразилецот, Нејмар. По мал разговор помеѓу двајцата фудбалери пеналот го изведе Кавани и не го реализираше.

После натпреварот реагираше и тренерот на „светците“, Унаи Емери, кој ги смири страстите. – Имаме двајца изведувачи на пеналите. Едниот е Кавани, другиот е Нејмар. Мора џентлменски да се договорат кој и кога ќе ги изведува пеналите. Во спротивно јас ќе одлучам и тогаш ќе избенеме секаков вид на караница.

ПСЖ со 2-0 го совлада Лион и го задржа перфекниот скор по шест одиграни мечеви во француската лига.

OhridNews