Стотина работници од охридските јавни претпријатија деновиве интензивно работеа на уредување на просторот кај некогашната библиотека.


Работите вчера будно ги надгледуваше директорката на ЈП „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа.

Малиот плоштад е речиси целосно завршен. Просторот е оплеменет со цветни аранжмани, а останува да се комплетираат поситни детали.

Претходната локална самоуправа најави дека на Малиот плоштад ќе биде поставен споменик на револуционерот Христо Узунов, а дали ваквата идеја ќе биде реализирана, или на овој простор ќе му се даде друга димензија, останува да се види.

OhridNews

Водици 2014 во живо на OhridNews во цел свет