Денеска во населбата Аеродром на просторот помеѓу Ново Лисиче и Вардар свечено беше поставен камен темелникот за Новиот тренинг фудбалски центар и административната зграда на ФФМ . Свечениот момент го означи премиерот Никола Груевски во присуство на градоначалниците на Град Скопје и Аеродром, претставници на ФФМ, фудбалски репрезентативци и бројни гости.



Според предвидената динамика првин ќе се изградат четири терени од програмата на Владата за изградба на 50 фудбалски игралишта.

Ова е голем и значаен проект со кој го исполнуваме ветувањето што и го дадовме на македонската јавност но и на претседателот на УЕФА, г-динот Мишел Платини. Покрај четирите фудбалски игралишта ќе се гради и мини-стадион како и фудбалска зграда со средства на Владата на РМ, Средства на УЕФА и на ФФМ, истакна премиерот Никола Груевски .

Директорот на АМС Диме Спасов и градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски очекуваат брза изградба на терените и зградата на ФФМ.

Претседателот на ФФМ , Хари Хаџи-Ристески го истакна значењето на овој проект за развојот на фудбалот во Македонија:

Очекувам овој проект да ја поттикне изградбата на нови тренинг кампови низ републиката кое ќе помогнат во отворањето на фудбалски академии во кои ќе се образуваат следбениците на Пандев, Наумовски , Седлоски и ќе ја продолжат успешно фудбалската активност на националните тимов.

Покрај четирите терени со средства на УЕФА и ФФМ ќе се изгради и мини-стадион како и административна зграда на ФФМ.

Земјиштето на кое ќе се гради го обезбедија бесплатно општината Аеродром и Владата на РМ.

извор “ФФМ“
Ohridnews