Членови на Извршниот комитет на Европската фудбалска асоцијација предлагаат да се казнат Јувентус и Реал Мадрид со забрана за учество во евро-куповите, пренесува новинарот Танкреди Палмери.

Според него, на екипите на Торино и Мадрид може да им биде забрането учество во европски натпреварувања во сезоната 2021/22 поради создавањето на Супер лигата.

На 19 април 12 европски клуба го објавија формирањето на Суперлигата. Шеф на новата организација беше претседателот на Реал, Флорентино Перез, потпретседатели Андреа Ањели од Јувентус и Џоел Глејзер од Манчестер јунајтед.

На 21 април, управата на новиот турнир одлучи да го прекине проектот по одбивањето на англиските клубови да учествуваат во Суперлигата. 

OhridNews