УЕФА блага кон Мурињо и поцрвенетите Рамос и Алонсо
30.11.10 20:17
Тренерот на шпански клуб, Реал Мадрид Жозе Мурињо е суспендиран на два натпревари во Лигата на шампиони. Вториот натпревар е условен и важи за наредните три години до колку португалецот направи таков прекршок. Тој исто така беше казнет со 40.000 €.
Дудек беше курирот на Мурињо
Играчите Чаби Алонсо и Серхио Рамос беа казнети 20.000 €, Икер Касиљас беше казнет со 10.000 € и Јиржи Дудек беше казнет со 5.000 €. Црвените картони покажани на Алонсо и Рамос остануваат, и ќе бидат суспендирани на еден меч во ЛШ.
Дисциплинскиот орган го казни Реал Мадрид со казна од € 120.000.
Реал Мадрид беше на тапет кај УЕФА, откако фудбалери Алонсо и Рамос намерно по инструкциите на тренерот Мурињо заработија црвени картони.
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Францускиот фудбалер Ванис Хонсор (22), член на Сент Дени, почина утрово за време на тренинг на својот тим на островот Реинион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан Смртта ја потврди...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...