Наместо годинава, Европското првенство во фудбал ќе се одржи следната година. Континенталниот собир на најдобрите репрезентации од Европа беше одложен поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Европската фудбалска организација (УЕФА) будно ја следи ситуацијта и не ја исклучува можност да ги намали градовите домаќини на ЕП. За прв пат едно Европско првенство треба да се одржи во 12 земји.

ЕП во фудбал ќе се одржи. Сегашниот план е да се остави како што е. Но, не се исклучува можноста турнирот да се одрже во 11, осум или пет земји. – изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Доколку УЕФА се одлучи да го намали бројот на земји каде што ќе се одржи ЕП, тогаш први пред елиминација ќе бидат Азербејџан (Баку), Русија (Санкт Петерсбург) и Шпанија (Билбао).

OhridNews