Европската фудбалска унија (УЕФА) ја објави листата на десетмина фудбалери кои конкурираат за престижната награда, најдобар играч во Европа за сезоната 2012/2013.


УЕФА понудената листа ќе ја скрати на три имиња на 6.август, а церемонијата на која ќе биде прогласен најдобриот играч за минатата сезона ќе се одржи на 29.август во Монако.

На листата со најмногу фудбалери е застапен актуелниот европски првак Баерн Минхен – Томас Милер, Франк Рибери, Аријан Робен, Бастијан Швајнштајгер. Во конкуренција за играч на сезоната се наоѓаат и Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

УЕФА оваа награда ја доделува од 2011 година, а досега ја освојувале Лео Меси и Андрес Иниеста.

Листата на кандидати на УЕФА за играч на сезоната:

1. Герет Бејл – Тотенхем (Велс)

2. Кристијано Роналдо – Реал Мадрид (Португалија)

3. Златан Ибрахимовиќ – ПСЖ (Шведска)

4. Роберт Левандовски – Борусија (Полска)

5. Лионел Меси – Барселона (Аргентина)

6. Томас Милер – Баерн (Германија)

7. Аријан Робен – Баерн (Холандија)

8. Франк Рибери – Баерн (Франција)

9. Бастијан Швајнштајгер – Баерн (Германија)

10. Робин ван Перси – Манчестер Јунајтед (Холандија).

„Макфакс“