Дисциплинската комисија на УЕФА го исфрли кипарскиот фудбалски клуб
Анартозис од квалификациите за Лигата Европа поради инцидентот што
неговите навивачи го направија на реванш натпреварот против грузиски
Дила Гори.

Кипраните победија во Грузија со 1:0, но во реванш натпреварот од 3-то
коло од квалификациите  губеа на свој терен со 0:3, поради што
навивачите влетаа во теренот на 10 минути пред крајот и го прекинаа
натпреварот.

Покрај исфрлањето од натпреварувањето, Кипраните наредните три меча од
меѓународен карактер ќе ги играат пред празни трибини, а ќе мора да
плата и казна од 50.000 евра.