УЕФА во средата на својата официјална интернет страница го објави логото на Европското првенство во фудбал, кое во 2016 година ќе се игра во Франција.


Логото е креирано од португалска агенција, која ги креираше и логото на Европското првенство кое во 2012 година се одржа во Полска и Украина.

На Европското првенство во 2016 година по прв пат ќе учествуваат 24 репрезентации, што значи дека речиси половина Европа ќе се бори за титулата најдобра на Стариот континент.

„Макфакс“