УЕФА официјално објави дека голот на Јонас Оливеира е постигнат во 11. секунда, што значи дека и понатаму важи рекордот на Рој Макај во дресот на Баерн Минхен кој постигна гол по 10,02 секунди од почетокот на мечот.


Синоќа, на мечот меѓу Валенсија и Баер Леверкузен домаќините на семафорот објавија дека Јонас го урнал рекордот за најбрз гол, а оваа вест ја пренесоа сите светски медиуми. Сепак, денеска доаѓа и исправка од УЕФА.