Европската фудбалска федерација (УЕФА) започна дисциплинска постапка против Фудбалската федерација на Романија, бидејќи симпатизерите на Романија во последниот натпревар против Босна и Херцеговина имаа развиено транспарент со поддршка за Ратко Младиќ.
Инцидентот на натпреварот во квалификациите за Европското првенство, што се одигра во петокот во Букурешт, го предизвикаа домашните навивачите кои истакнаа знамиња со поддршка за обвинетите во Хаг.
По жалбите на претставникот на БиХ транспарентите беа отстранети од трибините.
Романија го совлада БиХ со 3:0, а и двата тима се соочуваат со казна од УЕФА, поради тоа што навивачите на БиХ одговорија на транспарентите со кршење на столчиња кои завршија во теренот.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com