Челси го елиминираше европскиот првак Барселона во 1/2 финалето, но остана без Рамиреш, Меирелеш и Ивановиќ. Столбот на одбраната Џон Тери заработи директен црвен картон откако без топка го удри Алексис Санчез.
Ништо подобро не помина и вториот финалист, Баерн Минхен. Хејнкенс во финалето кое се игра на Алијанц Арената, неможе да смета на Алаба, Бадштубер и Луис Густаво.
Финалето се игра на 19 мај во Минхен.