Европската фудбалска унија (УЕФА) парично со 55.000 евра го казни фудбалскиот клуб Вардар поради пропусти во организацијата на реванш натпреварот со Малме, кој се одигра на стадионот „Младост“ во Струмица.
Вардар, реваншот од второто претколо во Лигата на Шампионите, против Малме го одигра во Струмица и со победата 3:1 избори пласман во наредната рунда, но пропустите во организацијата ја „олеснија“ казата на македонскиот првак за 55.000 евра.
Вардар е казнет поради фрлање предмети на теренот, неспортското однесување на навивачите како и поради користење на пиротехника.
OhridNews