Лесно може да се случи Манчестер Јунајтед следната сезона да заигра во Лигата на Европа иако во регуларниот дел во Премеир лигата не обезбеди пласман.

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ќе ги суспендира и острани турските клубови Сиваспор и Ескишехирспор кои ги обвини за местење на натпревари.

Ако судот ја потврди одлуката на УЕФА двете места ќе им бидат понудени на екипи кои доаѓаат од лигите со највисок коефициент.

Англиската Премеир лига е втора во тој ранг, а Јунајтед заврши на седмото место, позиција која не води никаде.

Секако дека ќе биде добро и за Лигата на Европа, Манчестер Јунајтед да биде дел од неа, а и секако за клубот, кој доживеа тежок удар и пад минатата сезона.

Мх.П.