Европската фудбалска унија – УЕФА, соочена со фактот дека Челзи и Баерн во финалето во Лигата на шампиони ќе играат без неколку стандардни првотимици најави можност за воведување на ново правило, според кое жолтите картони би биле бришани по завршувањето на четвртфиналната фаза.


Ова правило, пред две години на СП во Јужна Африка, го воведе ФИФА, а истото ќе се применува и на претстојното Европско првенство во Полска и Украина. Основна цел на правилото е играч кој добил жолт картон во четврфиналето и полуфиналето, да може да настапи во финалниот меч.

„Потребно е Одборот за клупски натпреварувања да предложи воведување на ова правило, односно на бришење на картоните по четврфиналето, а потоа истиот треба да биде усвоен од Извршниот комитет, со кој претседава првиот човек на УЕФА, Мишел Платини“, се наведува во соопштението на УЕФА.

Кај Челси ќе недостигаат Тери, Ивановиќ, Меирелеш и Рамиреш, додека кај Баерн, Алаба, Густаво и Бадштубер.

Ohridnews