Баерн Минхен отворено се надева на триумф во дво мечот со рускиот шампион Зенит во полуфиналето од Купот на УЕФА со што лесно може да дојде до три титули во оваа сезона.Баварците триумфираа во националниот куп и имаат 10 бода предност во однос на конкурентите во Бундеслигата.Последен пат Баварците триумфираа во најмасовното клупско натпреварување во 1996, додека Зенит првпат во клупската историја ќе игра во полуфиналето и ќе се надева дека ќе го повтори успехот на ЦСКА Москва, единствениот руски тим кој во 2005 го освои УЕФА-купот.
Баерн е во големи проблеми бидејќи ќе настапи без суспендираниот Лука Тони, стрелецот на осум гола во четири настапи во Купот на УЕФА. Италијанскиот напаѓач сезонава има вкупно 36 гола во сите натпреварувања, а на реваншот во четврт-финалето против Гетафе во последните пет минути од продолженијата постигна два гола за резултат 3-3 и му обезбеди понатамошен пласман на својот тим.










