Европската куќа на фудбалот (УЕФА) изрече милостлива казна за инцидентите во Крушевац на бараж средбата помеѓу младите селекции на Србија и Англија.

Најавуваа дека ќе ја исклучат Србија од квалификациите за мундијалот во Бразил, дека ќе и одземат бодови, но на крајот УЕФА одлучи да ги казни со еден меч без публика и поединачни казни за иницијаторите на неспортската глетка.

Во милостливата казна на УЕФА најлошо поминаа Андреја Милутиновиќ и Предраг Катиќ кои имаат забрана за вршење на било каква функција од две години. Суспензијата од четири натпревари заработи фудбалерот Горан Чаушиќ, три Огнен Мудрински и Филип Малбашиќ додека два меча казна доби Нинковиќ.

Мх.П.